Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џони Деп се соочува со сериозни финансиски проблеми бидејќи холивудската ѕвезда трошела по 2 милиони долари месечно.
Од компанијата која што му ги менаџира финансиите тврдат дека Деп потрошил повеќе од 75 милиони долари на 14 куќи и 3 милиони долари фрлајќи ги со пепелта од посмртните останки од авторот Хантер Томпсон.
Џони Деп ја тужи компанијата за лошо менаџирање на неговите финансии и бара 25 милиони долари, а тие му возвратија со контра-тужба.
„Тој е целосно одговорен за неговите финансиски проблеми. Одбива да троши колку што има и можи да си дозволи и покрај неколкуте предупредувања“ стои во контра-тужбата.
Во тужбата стои дека глумецот потрошил 18 милиони долари на 45 метарска јахта, 300.000 долари месечно за плати за персонал од 40 луѓе и 200.000 долари месечно на приватни авиони.
Ѕвездата исто така трошела и 150.000 долари месечно на обезбедување, како и 30.000 долари месечно на вино.
Џони Деп бил сопственик на 12 магацини за да ги смести сувенирите од неговите филмови од Холивуд.
Според првичната тужба на Џони Деп против смедководствената компанија тој смета дека тие му должат 25 милиони долари и дека не му поднесле даночна пријава на време за што платил уште 5,7 милиони долари казна.