Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како резултат на човечките интервенции, познатата река Дунав се скратила за 134 километри во текот на изминатите два века, се тврди во извештајот од меѓународната студија за речните седименти кој беше објавен вчера.
Оваа студија, исто така, покажа дека Дунав станал потесен и до 40 проценти од средината на 19 век, соопшти Баварската агенција за заштита на животната средина.
Во извештајот се вели дека промените биле предизвикани од интервенции за израмнување на протокот на реката, но и од мерките за заштита од поплави и изградба на брани.
Поради овие човечки интервенции, седиментот веќе не може да поминува преку реката Дунав до Црното Море. Наместо тоа, тој се таложи на бреговите на реката, трајно менувајќи го нејзиниот облик.
Со своите 2.850 километри, Дунав е втора најдолга река во Европа, по руската Волга.