Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
ВМРО -ДПМНЕ за да предложи премиер прво мора да победи на предвремени парламентарни избори. Предлогот за премиер на преодната влада го дава ДУИ, поточно лидерот на партијата Али Ахмети. Овој беше денешниот коментар на првиот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, за предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски – Африм Гаши да биде премиер на преодната влада што би се формирала за до јуни да се одржат предвремени парламентарни избори.
„Предлогот за претседател на преодната влада доаѓа од редовите на Демократската унија за интеграција, поточно од Али Ахмети. Согласно со договорот, не може ниту една друга партија да предложи премиер, особено не ВМРО – ДПМНЕ, бидејќи го нема мандатот. Ако ВМРО-ДПМНЕ, во момент кога ќе го добие мандатот на парламентарни избори предложи Албанец за премиер, наместо господинот Мицкоски, ние ќе го поддржиме“ рече Груби.
Опозициската Алијанса за Албанците, пак, го поддржува предлогот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ за претседател на техничката влада. Заменик-претседателот на Алијанса за Албанците, Елми Азири, рече дека сигурно Мицкоски го видел капацитетот на Африм Гаши, кој може да ги реши сите прашања.
„Сигурно господинот Мицкоски го видел капацитетот на господинот Африм Гаши да го реши проблемот со блокадата од ЕУ и да решава економски прашања, здравство итн. Тој даде таков предлог, а ние секако дека ние ќе го поддржиме“ рече Азири.
Алијанса за Албанците до неодамна беше коалициски партнер со Алтернатива. Коалицијата која беше формирана пред ланските парламентарни избори се растури по одлуката на Алтернатива да стане дел од Владата, предводена од СДСМ.