ДУИ даде амин за законот за СЈО


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дневниот ред на денешната владина седница ја донесува расправата за Законот за СЈО. Премиерот Заев изјави дека имаат согласноста од коалиционите партнери, а ќе разговараат и со опозицијата.

Министерката Дескоска неодамна кажа дека се уште во Собранието нема двотретинско мнозинство за усвојување на измените за СЈО чии предмети, според насоките од странските експерти, треба да ги преземе ОЈО.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува законот за СЈО да биде донесен со консензус. Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека предлог-законот влегува во парламентарна расправа. Првин ќе се разговара со најголемата опозициска партија, па со помалата група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и со помалите опозициски партии на Албанците. „Очекувам дека за овој закон треба и мора да се постигне консензус. Секако има секаков вид на очекувања, но редот е сите заедно да му дадеме поддршка“, рече Заев.