Home Шоубизнис Дует на Лени Кравиц и Мајкл Џексон на новиот хит „Low“

Дует на Лени Кравиц и Мајкл Џексон на новиот хит „Low“

Новиот фанк хит на Лени Кравиц се вика „Low“ и ќе се најде поместен на неговиот претстоен албум „Raise Vibration“.

Неговите обожаватели оваа песна посебно ги заинтригира бидејќи Лени одделни сегменти од песната ги отпеа заедно со кралот на поп музиката, Мајкл Џексон.

Иако на прво слушање многумина помислија дека Лени се обидува да го имитира Џеко, рокерот истакна дека Џексон со него ја отпеал „Low“.

Кравиц отсекогаш признаваше дека е голем фан на Џексон. Како момче присуствувал на концерт на „Jackson 5“ во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, а во 2001 година си ги исполнил своите соништа кога добил шанса да соработува со Џексон. Тогаш заедно снимиле и делови од „Low“.

Пред објавувањето на неговиот 11-ти албум, многумина го прашуваат Кравиц зошто одбива соработка со модерните „хитмејкери“, а тој јасно потенцира дека мора да го задржи своето вистинско лице и имиџ.

„Никогаш не сум работел на таков начин, да следам трендови или да го правам она што другите сметаат дека треба да го правма. Секогаш сум правел музика која природно произлегува од мене. Што треба да правам? Да направам замка од песни? Не, тоа не е мој стил. Морам да останам свој“, вели Кравиц.

Неговиот нов албум излегува на 7 септември.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …