Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Компанијата „Апис Кор” се пофали дека изработиле конструкција од 9,5 метри висина и површина од 640 квадратни метри, тврдејќи дека оваа градба е најголемата направена со 3D печатарска технологија.
„Апис Кор” развил материјал на база на гипс кој минува низ посебен 3D печатач, а кој го изработува локална компанија за производство и складирање на градежен материјал.
Печатењето се одвивало на отворено, за да се докаже дека оваа технологија може да поднесе тешко окружување без контрола на влажноста и температурата, пишува Dizen.
Машината за 3D печатење на „Aпис Кор” е преместена од просториите на компанијата на местото за изградба за да може да се прават различни делови од објектот. Зградата е поставена на конвенционални темели, а печатот е засилен со бетон и арматура.
Исто така, за подовите се користени плочи кои се претходно испечатени, а конвенциоалните прозорци и кровови биле додадени кога биле кренати ѕидовите.
„Проектот ни пружи единствено знаење и непроценливо искуство кое ќе ни помогне во подобрување на нашата технологија и развојот на нови верзии на нашиот 3D печатач. Овој проект е огромен исчекор во индустријата на 3D печатењето”, рекол Никита Чениутаи, извршен директор и основач на компанијата.
Оваа компанија планира во 2020-та година да ја употреби својата машина за изградба на посебни куќишта во американските сојузни држави Флорида, Луизијана и Калифорнија. Компанијата исто така дизајнирала и куќи за на Марс, за потребите на НАСА.