Дуа Липа се расплака на сцена – полицијата насилно исфрлаше нејзини обожаватели


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во средата Дуа Липа за прв пат настапи во Шангај пред преполна сала со нејзини обожаватели, но верните фанови на пејачката настапот ќе го памтат по горчливи спомени.

За време на концертот, неколкумина од обожавателите во публиката станаа и почнаа да играат и да мафтаат со знаме со боите на виножитото, симбол на ЛГБТ заедницата, поради што полициските припадници насилно ги исфрлија од салата.

Снимката која се прошири на социјалните мрежи ги прикажува полицајците како ги извлекуваат луѓето од публиката од седиштата додека пејачката се обидува да продолжи со настапот. Видно возменирена, Липа и самата се обрати на публиката, обидувајќи се да ги задржи солзите.

„Сакам да направам безбедно опкружување за сите нас во кое ќе се забавуваме“, порача со кнедла во грлото младата пејачка, а ден после настапот се обрати до фановите и преку социјалните мрежи.

„Синоќа одржав настап за своите фанови. Стоев покрај нив, пеев со нив и танцував со нив. Ќе стојам крај вас за сета ваша љубов и убедување и горда сум и благодарна што се чувствувавте толку сигурни на мојот концерт и ја покажавте својата гордост. За тоа што го направивте е потребна голема храброст. Згрозена сум од она што се случи и праќам љубов до сите обожаватели кои беа вклучени во инцидентот. Се надевам дека еден ден ќе се вратам кога ситуацијата ќе биде поинаква и ќе ја видам салата полна со виножитни бои“, порача Липа на Инстаграм.