Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
АД ЕСМ максимално ќе го интензивира ископот на јаглен од сопствените рудници во РЕК Битола и Осломеј, а исто така веќе е објавен меѓународен тендер за набавка на јаглен, со што ќе го зголеми домашното производство на електрична енергија.
Ова, како што рече генераланиот директор Васко Ковачевски, е поисплатливо, отколку набавката на скапа струја на берзата каде цените вртоглаво растат, а само за неколку месеци се неколкукратно зголемени.
Целта е да се стабилизира електроенергетскиот сиситем и да се намали ценовниот шок врз стопанството, откако Стопанската комора побара поддршка од државата, додека состојбата во домаќинствата засега е стабилна.
Но, антикорупциска ќе проверува дали тендерот за набавка на јаглен за производство на струја е спротивен на одредебите во Изборниот закони, дали набавката е предвидена со годишниот план на компанијата, односно дали има корупција и судир на интереси затоа што се спроведува во предизборие.