Државниот врв на комеморативна седница во Гостивар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Македонија се прогласени денови на жалост поради трагичната сообрајќакна несреќа во која животот го загубија 15 лица, а во Гостивар денес се одржа комеморативна седница на која присуствуваше државниот врв.

Ќе направиме се за да се откријат причините за несреќата и на повредените да им овозможиме побрзо излекување, рече премиерот Зоран Заев на комеморативната седница на Советот на Општина Гостивар за жртвите во трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово.

Тој во обраќањето изрази најдлабоко сочувство до семејствата и родините на загинатите, а на повредените побрзо заздравување.

На комеморативната седница се обрати и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, кој рече дека е тажен ден за Македонија и за сите.

„Ова е тажен ден за Македонија, тажен ден за сите нас. Вакви настани да не ни се случуваат. Нека им е вечна слава“, истакна претседателот Ѓорге Иванов.