Home Актуелно Државни патишта распиша оглас за работници на коридорите 8 и 10д со 40-часовна работна недела

Државни патишта распиша оглас за работници на коридорите 8 и 10д со 40-часовна работна недела

Македонското Јавно претпријатие за државни патишта веќе објави оглас за вработување на работници до 2028 година за проектот за изградба на четирите автопати на изведувачот „Бехтел и Енка“ на коридорите 8 и 10д.

Според огласот, ЈПДП ќе ангажира работници според нивниот правилник, а тоа значи работна недела од 40 часа неделно, а не како што било договорено со „Бехтел и Енка“ за 60 часовна работна недела.

Рокот за пријавување е 25 април.

Јавното претпријатие бара помошник на главниот и одговорен координатор на проектот, кој треба да биде градежен инженер за основна плата од 70.052 денари; координатор на единицата за подготовка на проектот со завршен фалкултет од општествените науки за нето-плата од 60.005 денари; координатор на единицата за техничка изведба на проектот кој треба да биде градежен инженер за 65.029 денари…

Се бараат и специјалисти за експропријација на имот, преведувач, известувач за проектот, администратори со средно образование, возачи, специјалисти за инвестиции и градба на патишта, урбанист, геодет, двајца специјалисти за подготовка, изработка и следење на проектна документација, електроинженер, сообраќаен инженер…

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…