Државен завод за статистка тврди: До денес попишани 800.000 граѓани


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


800.008 лица се попишани од почетокот на попишувачкиот процес на населението и имотот до денеска. Како што соопштуваат од Државниот завод за статистика, заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, попишани се 249 500 домаќинства и 336 109 стана.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле вкупно 193 168 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во С Македонија, кој официјално започна на 5 септември, ќе трае до 30 септември.

Во април пописот беше одложен за овој месец поради тогашниот трет ковид-бран.

Од Државниот завод за статистика веруваат дека попишувањето од епидемиолошка смисла е безбедно бидејќи сите попишувачи се должни да носат маски на лицето, да одржуваат растојание од граѓаните и редовно, пред и по секое попишување во домаќинствата, мора да ги дезинфицираат рацете и лаптоп-уредите.

Граѓаните имаат право, доколку сакаат, да побараат во нивното домаќинство да дојде вакциниран попишувач.