Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мемети Синани од Националната федерација на фармери упати обвинување дека државата откупува поскапа пченица за стокови резерви, а истата ја продава на млиновите по ниска цена со што му нанесува директна штета на домашното производство.
– Ние лани побаравме откупот на пченица за стокови резерви да почнува од денот кога почнува жетвата и да се откупи од наши производители, не е од странство. Затоа што ако е кај нас 19 денари, имам информации дека од странство е увезена пченица по 28 денари за државни стокови резерви. И сега Директоријатот за стокови резерви ќе почне да дава на млинарите по ептен ниска цена и тука паѓа цената на нашата пченица – рече Синани.
Оваа година фармерите имаат проблем со откупот на пченица затоа што на земјоделците им стојат 10.000 тони неоткупена пченица. Тие бараат од мнинистерството да се забрани увоз на пченица за да се откупи домашната.
Сеидбата е во тек, а велат дека 30% од авансот за субвенции не им е исплатен.
– За мојата општина каде што живеам со 30.000 жители, дадени се само 187 картички за нафта. Задоцниле од сите страни. Треба на терен да работат инспекторите. Згора на тоа не обвинуваат дека цената на земјоделските производи е висока. Не е точно, таа е ниска, а по патот до крајниот потрошувач се зголемува три пати. Ако е 50 денари откупен патлиџанот, ќе стигне до 120-150 денари на тезга – додаде Синани.