Државата се задолжи нови 50 милиони евра во Шпаркасе


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Владата ја задолжи државата со нови 50 милиони евра. Ова задолжување властите го договорија со Шпаркасе банка за што државата ќе плаќа камата од 2,5 отсто.

Според информациите од финансии парите ќе бидат наменети за справување со енергетската криза. Од финансии потенцираат дека овие 50 милиони евра се само дел од парите кои недостасуваат во буџетската каса а се проценува дека таа сума надминува 900 милиони евра.

Сега надлежните го чекаат правиот момент за издавање на нова еврообврзница за обезбедување на овие пари. Дополнително, издадена е долгорочна државна обврзница од 25,5 милиони евра на 15 години. Каматната стапка за нив е 4 отсто.