Државата ќе достигне инфлација од милион насто, а главниот град е најскап за живеење во светот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според статистиката и индикаторите кои се достапни на Меѓународниот монетарен фонд, од оваа институција проценуваат дека до крајот на 2018 година инфлацијата во Венецуела ќе достигне милион отсто. Причина за тоа е незапирачкиот тренд на печатење пари од страна на венецуелските власти со цел да ја покријат сè поголемата буџетска дупка.

Како што наведува „Блумберг“, кризата во Венецуела би можела да се спореди со онаа во Германија во 1923 година, или во Зимбабве на крајот од 2008 година. Се очекува венецуелската економија во 2018-та да забележи пад од 18 проценти, пред сè поради големиот пад во производствато на нафта.

Од пред четири години, кога цените на нафтата почнаа да одат надолу на светските берзи, Венецуела се соочува со драстичен пад на економијата. Претседателот Николас Мадуро тврди дека кризата е последица од економската војна која против неговата земја ја водат внатрешни и надворешни непријатели.

Со падот на економската активност, властите престанаа да ги објавуваат економските индикатори, па економистите се потпираат на независните проценки на меѓународните организации и банки.

Според неодамнешните истражувања кои ги објави „Бизнис инсајдер“, Каракас стана најскапиот град за живот во светот. Моменталната економска ситуација во Венецуела е примарната причина зошто главниот град Каракас се најде на првото место на таа црна листа, пред Цирих и Женева. Имено, венецуелската економија е оптоварена со страшна инфлација, па така во март годинава е забележан пораст од дури 7.000 проценти. Освен тоа, ценитe и натаму растат поради негативните економски и политички трендови.