Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во селото Диноша кое се наоѓа во Црна Гора е забележан редок феномен на природата, односно постои дрво од кое тече вода.
Овој феномен најчесто е предивикан од обилни дождови, кои ги преплавуваат подводните извори, па дополнителен притисок ја поттиснува водата на површината, низ корењата на дрвото.
Дрвото прикажано на видео-снимката е шупливо, па водата буквално се излива од него.
Локалниот жител Емир Хакрамај вели дека овој феномен постои веќе 20-25 години, можеби и подолго, а дрвото е старо околу 100 до 150 години.