Друштво „тешко“ неколку милијарди долари: Опра и елитата уживаат во Дубровник


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Една од најпопуларните телевизиски водителки и една од најбогатите славни личности на светот, Опра Винфри, во друштво на најдобрата пријателка, новинарката Гејл Кинг, модната дизајнерка Дајен фон Фрустенберг и почесниот претседател на модната куќа Valentino, Џанкарло Џиамети, се опуштаат на луксузна јахта во дубровничките води.

Токму Џиамети откри каде се наоѓа ова елитно друштво, објавувајќи фотографија од крстарењето на својот Инстаграм профил.

A post shared by Privategg (@giancarlogiammetti) on

„Вечер во Дубровник со прекрасна жена која со гордост ја нарекувам пријателка“, напиша тој во описот на фотката на која е со Опра.

Фотографија од веселото друштво од Дубровник објави и дизајнерката Фон Фурстенберг, со коментар: „Шеткање во неделно попладне во Хрватска“.

A post shared by @therealdvf on

Според податоците на Forbes, Винфри моментално „тежи“ четири милијарди долари, додека Дајен 1,2 милијарди долари. Гејл Кинг, новинарка и уредничка во списанието на Опра, „О“, тежи нешто „поскромни“ 25 милиони долари.

Податоците за богатството на Џанкарло Џиамети не се познати, но со оглед на фактот дека неговиот долгогодишен партнер Валентино Гаравани поседува богатство проценето на 1,5 милијарди долари, се претпоставува дека ни Џиамети не заостанува зад него.