ДРУГИОТ ФАЛКАО: Што се случува кога најдобриот футсал играч ќе се префрли на фудбал?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако го видите Алесандро Роса Виеира, алијас Фалкао, како поминува покрај вас на улица, веројатно нема ни да го препознаете. Но, овој човек е жива легенда кој има постигнато 393 гола на 201 интернационален натпревар за Бразил, од кои 48 се на Светски првенства.

Добро, нормално е тука да се спомене фактот дека овие импресивни бројки доаѓаат од светот на атрактивниот и сè попопуларен футсал, во чиј свет Фалкао е вистински крал. Поточно, тој е веројатно најдобриот футсал играч на сите времиња.

Ако Меси е „јарето“ (the goat), Фалкао е алпски козорог. Да, знаеме на што помислувате – Фалкао веројатно не би се снашол во вистинскиот фудбал на голем терен. Тој веројатно не би бил ни во првата постава од резервите во најдобриот тим според изборот на многумина. Но, не избрзувајте со заклучоци и судови.

Во 2005 година Фалкао потпиша за бразилскиот гигант Сао Паоло, договор кој беше проследен со поздрави од навивачите, но и со контроверзии. И ова не беше првиот обид на Фалкао да премине во водите на вистинскиот фудбал. Во 2001 година, кога имаше 23 години, се наметна како еден од најдобрите бразилски футсал играчи, откако имаше одличен и плоден период во Коринтијанс, Атлетико Минеиро, Бансепа и Жарагуа.

Но, повикот од фудбалските тревнати терени беше премногу гласен за да биде игнориран. Тој замина на пробен период во Палмеирас, каде одигра 59 минути на тренинг натпревар против Фламенго де Гуариљос, на кој постигна погодок пред да му се јават болки и проблеми.

После мечот Фалкао изјави: „Ќе барам совет, ќе слушам што има да каже тренерот. Можеби правев грешки, но мислам дека покажав квалитет“. И покрај ветувањето од Палмеирас дека ќе му понуди потпишување на професионален договор, не испадна ништо од тоа, па Фалкао се врати во футсал водите.

Четири години подоцна, Фалкао беше промовиран пред медиумите од страна на Сао Пауло, заедно со играчите за врска Минеиро и Жосуе.

Подоцна, Минеиро ќе продолжи да игра за Челзи и ќе го претставува Бразил на Светското рвенство, додека соиграчот Жосуе ќе ја освои Бундес лигата со Волфсбург. Но, на денот на промоцијата без сомнеж се знаеше кој е главната ѕвезда.

Уште на почетокот, пристигнувањето на Фалкао беше проследено со жестока битка помеѓу хиерархијата на клубот, бидејќи претседателот Марсело Гуво потпиша со Фалкао без знаење на тренерот Емерсон Леао. Публицитетот остана на страна, а Сао Паоло испаднаа смешни.

Тоа беше тим составен од легендарниот голман Рожерио Сени, идниот десен бег на Реал Мадрид Чичињо, Уругваецот Диего Лугано, Графите кој подоцна ќе биде во топ голгетерите на Бундес лигата и играч на годината во 2009 година и уште неколку бразилски интернационалци. Но, за разлика од четири години претходно, Фалкао влезе „во игра“.

Неговото деби беше трогателно и тажно, точно една година после смртта од неговиот татко, кој копнееше да го види својот син во светот на фудбалот. Тренерот Емерсон, веројатно под жестока закана (иако никогаш точно нема да се знае), го внесе Фалкао во последните осум минути од дуелот со Итуано на отворањето на Campeonato Paulista.

Со резултат од 3:1, тоа беше опуштена и сигурна атмосфера да се промовира Фалкао пред 6.527 фанови на Estadio Cicero Pompeu de Toledo. Во дресот со број 12, тој веднаш остави впечаток кај публиката, откако беше проигран од Чичињо и додаде до Графите чиј удар беше спречен од противничкиот голман. Потоа, речиси ќе ги доведеше фановите до делириум со својот бомбастичен удар, но еуфоријата ја спречи одличната одбрана на противничкиот голман.

Следната шанса од Емерсон Фалкао ќе ја добие дури по три месеци, заедно со Графите, овој пат против Моги Мирим, со Campeonato Paulista во џебот. Во 64-та минута Фалкао беше заменет со Велбер. Овој натпревар против Моги Мирем испадна последен за Фалкао за тимот на Сао Паоло. Технички, тој излезе од водите на професионалниот фудбал како освојувач на Campeonato Paulista и Copa Libertadores, со оглед на фактот дека Сао Паоло таа година ќе го освои врвниот фудбалски турнир на Јужна Америка.

Иако Фалкао веќе беше замина во периодот кога Сао Паоло ќе ја освои титулата, се појави во раната фаза од турнирот, почнувајќи со 2:2 против Квилмес и 4:2 против Универсидад де Чиле.