Други времиња, други вредности: Еве на која возраст младите прв пат имаат секс


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Стапувањето во сексуални односи ги поместува старосните граници со текот на годините и промената на генерациите. Девојките кои почнуваат да пијат алкохол пред 13-годишна возраст, четири пати повеќе е склони да ја изгубат невиноста прерано, покажуваат истражувањата.

За двата пола ризикот од прерано стапување во сексуални односи е двојно поголем ако преку викенд консумираат алкохол за време на вечерните забави и излегувања.

„Адолесцентите кои прерано почнуваат да се сексааат имаат поголем ризик за зараза од полово преносливи болести, но и непланирана бременост“, вели д-р Кели Ен Доран, авторка на истражувачката студија.

Исто така, честото дружење со алкохолот може да резултира и со принуден сексуален однос (силување), од што посебно се загрозени девојките, особено оние што почнале да консумираат алкохол пред 13-та година од животот и се склони четири пати порано да ја загубат невиноста.

Се верува дека тинејџерките немаат доволно знаење за ризиците од секс без заштита и тука би требало да интервенира школскиот систем.