Другата страна од приказната за тепачката во која настрада Елвис Бајрам


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Пратеникот од редовите на СДСМ, Курто Дудуш, во изјава за порталот Либертас, вели дека тепачката, како што му пренеле, ја предизвикале Елвис Бајрам и неговте бодигарди. Според него, Елвис со неговите дошле и ги кинеле плакатите на Курто Дудуш, залепени на штабот на СДСМ сместен во дуќан на нивни симпатизер.

Ова го видела неговата жена, излегла и реагирала и тие ја турнале и погрдно се изразувале. Таа ова му го кажала на сопругот и тој излегол и почнала кавга во неговиот двор.

– Тепале Елвис и неговите бодигарди, но комшиите дошле напомош и настанала масовна тепачка во која подебелиот крај го извлекол Елвис Бајрам, но и лицето во чиј дуќан е штабот на СДСМ.

Во МВР има изјави кој почнал прв и како настанал инцидентот вели пратеникот Дудуш. Вели дека вакви немили настани осудува и дека полицијата целосно требе да го расчисти и да ја информира јавноста за да нема манипулации.