„Друга песна ќе пее“ Фејсбук во земјите каде што ќе има политички избори


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Технолошкиот гигант и најпопуларна социјална мрежа Фејсбук најави категорично и ригорозно заострување на правилата за рекламирање на политички кампањи во земјите каде што ќе се одржуваат политички избори, со цел да сузбие изборната вмешаност и злоупотреба на нивната платформа.

Построгите правила ќе важат за Индија , Нигерија , Украина и Европската Унија , каде се очекуваат важни избори во наредните неколку месеци. Како највлијателна социјална мережа , Фејсбук го користат политичарите и нивните противници во ширење лажни вести и друга пропаганда , а тоа се прави засилено од 2016.

На тој начин може да се загрозат изборните правила , така што под притисок на властите од целиот свет , Фејсбук минатата година воведе неколку иницијативи за зголемен надзор над политичките огласи.

Од денеска во Нигерија , на пример , ќе се објавуваат изборните огласи само од лица , кои се сместени во таа земја , што било применето и за време на ирскиот референдум во мај минатата година, изјави директорката за глобална политика во Фејсбук , Кети Харбат.

Во февруари сличен принцип ќе стапи на сила во Украина

,, Учиме од секоја земја . Знаеме дека нема да бидеме совршени , но наша цел е да се подобруваме.” ; изјави директорот за управување со производите , Роб Литерн.

Тој смета и дека задржувањето во архива на политичките огласи седум години клучно во борбата против политичкото влијание. Вакви архиви од лани се поставени во САД, Бразил и Британија.