Дронски слики од стравичниот пожар на покривот од париската црква Нотр Дам


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фотографии од стравичниот пожар кој го зафати покривот од познатата париска црква Нотр Дам, направени со полициски дрон, ја покажуваат жестината и степенот на масивноста на огнените јазици кои беснееја врз овој популарен културно-историски објект.

Фотографиите покажуваат дека пламенот ја има зафатено речиси целата структура, додека покривот е скоро целиот изгорен, а ништо не останало и од познатата централна „стрела“. Противпожарните служби, пак, даваат пооптимистички изјави дека двете кули се спасени од пожарот.

Пожарот започна во понеделникот, на градежните скелиња кои беа подигнати заради реставрација на неколку века старата црква, која со години беше во очајна состојба. Причината за пожарот засега е уште непозната, но француските надлежни органи веќе започнаа, како што известуваат, криминална истрага.