Дронска снимка од Бејрут после вчерашната разорна експлозија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според последните информации кои доаѓаат од Бејрут, како последица од вчерашната стравично разорна експлозија црниот биланс засега е над 100 загинати и околу 4.000 повредени лица.

Очевидци за Асошиетед прес изјаваат дека силината била како нуклеарна експлозија.

Во медиумите се појавија и снимки од дрон од ужастот на бејрутската Хирошима. Во страшната експлозија загинале повеќе од 100 лица, а повредени се 4000 луѓе. Врховниот совет на одбрана на Либан синоќа го прогласи главниот град Бејрут за град погоден од елементарна катастрофа и предложи до Владата во престолнината да се воведе вонредна состојба.