Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Над 300 килограми синтетичка дрога позната како „каптагон“ бешее запленета при минатонеделната акција на полицијата кои открија лабораторија во Тетово. „РТС“ јавува дека токму оваа дрога најчесто ја користат војниците на Исламската држава.
Хемиска храброст, џихад дрога, „каптагон“ – сето тоа се жаргонски имиња за синтетичката дрога чии создавачи постојано го менуваат хемискиот состав, а се произведувала и во тетовската лабораторија, која како што информираше МВР, е најголема во југоисточна Европа.
Доктор Милан Зарубица, кој при акцијата е уапсен во Македонија, бил најдобар во изработка на оваа дрога, затоа и е најбаран во круговите на шверцерите и препродавачите на „каптагон“.
„Оваа акција е од светски размери затоа што спречивме доктор Зарубица да создаде повеќе вакви лаборатории, формира мрежа на лаборатории како овде, така и во Турција и Блискиот исток. Каптагон односно синтетичката дрога е присутна во светот како и кај нас“, вели Дејан Миленковиќ, началник во српското МВР.
„Каптагон“ не е нова дрога. Уште во 60-тите години се користела како лек за нарколепсија. Денес се поврзува со тероризамот. Медиумите пренесуваат дека е пронајден кај одговорните за нападите во Париз и Тунис.