Дрљача ја открива тајната која ја крие „Игри без граници“ од Тоше Проески


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Песната „Игри без граници“ која ја отпеа Тоше Проески некако пророчки делуваше и беше прифатена од страна на неговите милиони обожаватели на Балканот како своевидна биографска композиција непосредно поврзана со животот на Тоше.

Многумина се обидуваа да ги одгатнат скриените пораки во неа, верувајќи дека го опишува животот на пејачот. Сепак, вистината е малку поинаква и не толку романтична и драматична. Факт е дека таа песна воопшто не била наменета за Проески.

„Тоа е песна што ја напишав пред да го запознаам Проески. Една или две години пред да ја отпее Тоше, се сретнав со продуцентот Никша Братош, кој соработуваше со Тоше, и му реков дека имам песна што не сакам да ја дадам на никого, туку сакам да ја отпеам сам, дури и да ја упропастам, но бесплатно да ми помогне да ја средам. Ме праша како се вика, му реков Игри без граници и тој веднаш се согласи“ – раскажува авторот на фамозната песна, Мирослав Дрљача Рус.

„По некое време, додека заедно се возевме со автомобил, Тоше почна да пребарува по моите цедиња барајќи песни за кои слушнал дека не сакам да ги давам на други и првата што ја најде беше Игри без граници. Тоа беше крај. Рече дека тоа е песна за него и воопшто да не сонувам за тоа да ја пее некој друг“ – додава Рус.

Кога стигнале во студиото со таа песна, многумина зборуваа дека таа песна е тешка за него и дека е сė уште премлад.

„Кога ја отпеа песната сите беа воодушевени. Ја отпеа од прва и потоа ме повлече на страна, загрижен за тоа како звучел. Му реков дека ја отпеал подобро отколку што јас ја напишав“ – се потсетува Рус.