Дрим тим триото Спилберг, Хенкс и Стрип потпишува драма за слобода на медиумите


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Најславните актери на својата генерација, Том Хенкс и Мерил Стрип, прв пат ќе глумат заедно во новата политичка драма потпишана од Стивен Спилберг, The Post.

Филмот ќе се фокусира на улогата на Washington Post во разоткривањето на документите од Пентагон во 1971 година, како и тоа како уредникот на споменатиот весник кај американската сојузна влада се изборил за своето право да ги објави истите.

Двојниот оскаровец Хенкс ќе го игра уредникот Бен Бредли, додека тројната оскаровка Мерил Стрип ќе ја толкува улогата на издавачката Кеј Греам. Датумите за снимање уште не се познати.

Пентагонските документи, напишани како интернет документи на американското Министерство за одбрана, е назив на официјална историја на американското воено, политичко и разузнавачко делување на територија на Виетнам од 1945 до 1967 година. Јавноста за тоа стана свесна дури откако тоа го откри воениот аналитичар Даниел Елсберг и го доставил до New York Times, кој содржината ја објавил на насловна страна во 1971 година.

Пентагонските документи прв пат како официјални извори ги потврдија нагаѓањата дека американските сили, пред и после ескалацијата на војната во Виетнам, биле вклучени во низа такви воени и разузнавачки операции и активности. Документите имаа огромно влијание на американската јавност која уште повеќе почна да се противи на сè понепопуларната војна, но и во голема мера ја загуби довербата во својата влада.