Историја

Древните „Ромео и Јулија“ пронајдени во 5.000 години стара гробница

Во казахстанската област Караганда, во древна гробница стара 5.000 години, беа откриени скелетите на љубовен пар од тоа време кои се познати како праисториските „Ромео и Јулија“.

Во непосредна близина на древната љубовна двојка, откриени се посмртните останки на два коња, кои, како што се верува најверојатно биле жртвувани, рекоа археолозите.

Покрај посмртните останки на мажот се наоѓа метален нож и врв од стрела, а веднаш покрај него во иста положба е пронајден и скелет на жена погребана со накит, вклучувајќи и зелена алка украсена со полускапоцени камења.

Археологот Игор Кукушкин вели дека постојат нејаснотии во врска со односто, но и смртта на погребаната двојка. Како што рече, такви заеднички погребувања се реткост во тоа подрачје, но прашање е како другото се придружило.

Се поставува прашањето дали тоа биле маж и жена, или е одлучено да станат љубовници по смртта бидејќи во краток период починале, рекол археологот.

Досегашните истражувања покажале дека нема траги од насилна смрт, но е утврдено дека коњите биле убиени.

Advertisements
To Top