Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес во македонското Собрание дел од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа вербална расправија во обид да го убедат пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, да не ја предложи Цветанка Иванова за уставен судија.
Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук објави видео на кое се гледа како тој и неговите колеги се собраа околу масата на којашто седеше Костадинов и се обидуваа да го спречат во намерата, како што посочува Јаулески, на шверцерски и незаконски начин да ја предложи партиската другарка Иванова за уставен судија.