Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ожалостеното кинеско семејство од покраината Хебеи се посомневало дека нивната покојна мајка која ја подготвиле за погреб и ја сместиле во ковчег, сè уште е жива, па сред погребната процесија го отвориле ковчегот за да го проверат тоа.
После отворањето тие почнале да ја довикуваат, надевајќи се дека ќе им одговори, а бидејќи тоа не се случило викнале Брза помош.
Меѓутоа, кога медицинскиот кадар го прегледало телото на 73 годишната жена, утврдиле не само дека е навистина мртва, туку и дека телото почнало да скапува. Во нејзиниот болнички картон пишувало дека е прогласена мртва.
Работникот од брзата помош на покраинската болница Јаншан, доктор Жанг кажа дека примиле бизарен повик во кој им било кажано дека постара госпоѓа станала од мртвите.
-Кога дојдовме да интервенираме, погребот веќе траеше. Поклопот на ковчегот беше отворен и сите собрани гледаа внатре, изјавил Жанг.
Тогаш медицинските работници наводно ја прегледале старицата.
-Сигурно била мртва, телото веќе почна непријатно да мириса. Немаше шанси да е жива. Само биле параноични и им се причинило, кажал Жанг.