Драматично спасување на жена прегазена од автомобил во центарот на Њујорк (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Минатата недела, во центарот на Њујорк, на крстосницата на улиците „Деленси“ и „Норфолк“, десетина случајни минувачи спасуваа жена која беше прегазена и заглавена под џипот кој ја прегазил.

NBC пишува дека Германката Вероника (25) завршила под џипот, кој ја удрил додека ја поминувала улицата со торби со продукти во рацете.

На снимката објавена на Твитер може да се види дека луѓето трчаат кон црниот теренец и го наведнуваат настрана за да ја извадат жената од неволја. На истата социјална мрежа се појави фотографија од споменатата Германка, каде може да се види како таа лежи на патот и го користи својот мобилен телефон.

Случајниот минувач Колби Дрошер, лицето кое ги снимил и објавил видеото и фотографијата од инцидентот на Твитер, за Њујорк пост изјавил дека бил во близина на местото на настанот кога слушнал крик на луѓето. „Голема група луѓе веќе се собраа на крстосницата кога дојдов “, рече тој. „Одеднаш сите почнаа да го подигнуваат автомобилот. Сè се случи многу брзо“.

„Се сеќавам дека бев на тротоарот, автомобилот дојде, ме удри. Бев целосно под него”, изјави Вероника за Ен-Би-Си.

„Двете нозе ми беа заглавени под едно тркало. Цело време бев свесна. Се сеќавам дека ги видов продуктите какос е тркалаат по улицата“.

Вероника рече дека претрпела повреди и модринки во сообраќајката, но дека ќе заздрави. „Би сакала да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа. Не знам како можам да им се оддолжам“.

Портпаролот на противпожарната служба изјави дека добиле повик за инцидентот во 17:10 часот во неделата и дека едно лице било пренесено во болницата Белви. Медицинската состојба на лицето е непозната. Портпаролот на полицијата не коментирал ниту образложувал што се случило, само дека возачот е казнет.