Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Припадници на Единицата за брзо распоредување го окупираа влезот на зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), каде од 12 часот се собраа членовите на гранските синдикати УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО, со цел да протестираат против одлуките на разрешениот Живко Митревски.
Синдикалците пробаа да влезат во зградата, но, како што велат, спречени се да стигнат на своите работни места. Сметаат дека е несоодветно тие да се пред, а полицијата во зградата на ССМ. Моменталната ситуација ја окарактеризираа како срам за државата.
Јас сум фрапиран од глеткава – полициски џипови, специјалци во маскирни униформи, а ние дојдовме денеска на работа, со нашите секретари, секретарки и вработени. Има некоја наредба која не ни ја покажуваат, рече еден од синдикалците.
Претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски ги охрабри членовите на синдикатите, присутни и неприсутни денес пред ССМ, сите заеднички да се изборат, бидејќи ова е битка за синдикатот.
Сигурно ја знаете онаа германската: Прво дојдоа по социјалистите, но јас не се побунив,
бидејќи не бев социјалист. Потоа дојдоа по синдикалците, но јас не се побунив, бидејќи не бев синдикалец. Потоа дојдоа по евреите, но јас не се побунив, бидејќи не бев евреин. Потоа дојдоа по мене, но не остана никој за да се побуни за мене. Е па, дојдоа по синдикалците, бидејќи синдикалците се побунија против нечии лични интереси, против синдикалци кои синдикатот го направија приватна фирма и туристичка агенција и кои најмуваат рекетари за да ги тепаат колегите, против самовластие и криминали, против сите оние кои со неработа штитат работници. ССМ е во приватна сопственост на Живко Митревски. Тој никогаш ниту бил, ниту ќе биде претставник на работниците. Ајде заедно да му кажеме – доста е!, стоеше во повикот за денешниот собир пред ССМ.
Инаку, периодов имаше бројни несогласувања и контрадикторности врзани со ССМ, каде состојбата почна да се вжештува откако претседателот Живко Митревски беше разрешен од должноста со гласање на претставници од гранковите синдикати-членки на Сојузот.
Централниот регистар не го впиша новото раководство на чело со в.д. претседателот Дарко Димовски. откако беше издадено решение од министерката за труд и социјала, Фросина Ременски. Новиот министер на ДУИ, Ибрахим Ибрахими го поништи решението, а реакции низ јавноста се проширија откако ноќта кон Бадник, во пет наутро, обезбедување од Митрески насилно влезе во просториите на синдикатот и ги избрка синдикалците кои со денови седеа во холот на ззградата. Дел од синдикалците завршија во болница.