Драматична ситуација на Селечка Планина кај Прилеп – тинејџери ги спасувале со хеликоптер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


17-годишно момче и 15-годишно девојче утрово околу 7:20 часот повикале помош во полиција и противпожарна служба известувајќи ги дека се наоѓаат на Селечка Планина, над планинарскиот дом „Томе Темелкоски“, кај врвот Ќуле.

Девојчето било во полоша состојба поради која не можело да се движи, па било евакуирано со хеликоптер на МВР и било префрлена во прилепската Градска болница. Оттаму констатирале дека нема повреди ниту на телото ниту на главата, туку измрзнатини кои со терапија ќе бидат санирани.

Петнаесетгодишната малолетничка и момче, за кое нема детали, цела ноќ поминале на планина. Наводно се упатиле синоќа накај планинарскиот дом на Селечка и ноќта ја поминале на отворено на нестабилното дождливо и ветровито време. Изутрината кога сакале да се вратат, девојката паднала и мислејќи дека се повредила, повикани се противпожарната единица и прилепската полиција, а потоа, поради непристапниот терен, повикан бил хеликоптер на МВР.

Од полицијата каде работат на расветлувањето на случајот, не соопштуваат други детали за настанот кој можел да биде кобен за младите.