Драмата продолжува: Серхио Рамос има јасна порака за Пике!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике беше исвиркан и навредуван од страна на навивачите на вчерашниот тренинг на репрезентацијата.

Вчера шпанската репрезентација имаше собир во Мадрид пред последните квалификациски натпревари, а во центарот на вниманието беше Жерар Пике кој беше исвиркан и навредуван од навивачите.

Пике е еден од најгласните поддржувачи за независност на Каталонија, па навивачите бараат негово заминување од шпанската репрезентација.

Поради тоа се огласи и Серхио Рамос кој му порача на Пике дека не е паметно да се меша во политика и дека свирежите се последица на неговите постапки.

„Уште од поодамна му реков дека не е паметно да се меша во сето тоа, а потоа се прашува зошто му свират. Секако дека ние ќе му дадеме поддршка, но морам да признаам дека не ме изненади тоа што се случи на тренингот. Се надевам дека во иднина ќе постапува попаметно“, изјави Рамос.