Драма во скопско Ченто: Парите или животот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рано утринава, непознат сторител под закана со пиштол ограбил бензинска пумпа во скопската населба Ченто.

Разбојникот со оружје во рака влегол во објектот на бензинската и им се заканувал на вработените дека ќе ги убие ако не му ги дадат парите.

Исплашени за својот живот, вработените му дале околу 80 000 денари од дневниот промет, по што разбојникот побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.