Драма во семејството на Роналдо: Мајка му преживеала мозочен удар


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Долорес Авеиро, Мајката на Кристијано Роналдо, ноќеска доживеала мозочен удар, пренесуваат медиумите во Португалија.

Долорес Авеиро утрово во 5:30 часот била хоспитализирана во болницата „Нелио Мендоса“ во Фуншал.

65- годишната Долорес Авеиро, за среќа, е во свесна и стабилна состојба, а во текот на денешниот ден треба да се извршат подетални испитувања по кои ќе биде познато дали таа ќе остане во болницата на лечење.

Поради тоа Роналдо би можел да го пропушти утрешниот дуел со Милан во Купот бидејќи најверојатно ќе оди во Португалија да биде блиску до својата мајка.