Драма во Примера: Мигот на лудило од Герет Бејл и Роналдо како спасувач на честа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Само што Луис Енрике и официјално објави дека си заминува од Барса на крајот од сезоната, минути беа во прашање, кога навивачите на Реал му се смееја дека ќе замине како губитник, а не како шампион, кога одеднаш – шок!

Само што почна второто полувреме помеѓу Реал Мадрид и Лас Палмас, обично смирениот Герет Бејл го изгуби разумот и со исклучување му кумиваше на губењето на бодови на својот тим и тоа на домашниот Сантјаго Бернабе, каде одигра неочекувани 3:3 со споменатата екипа.

Резултатот нема да му донесе ништо круцијално на Лас Палмас, но би можел да му одземе нешто важно на Реал кој веќе почна да си впишува нова шампионска титула во Примера. Барса ја презеде лидерската позиција на табелата, иако не треба да се заборави дека Реал има натпревар помалку.

Но, сега го има и притисокот врз себе, додека Барселона е опасно растресена после дебаклот на гостувањето кај ПСЖ, и сето тоа поради Бејл. Бидејќи на крајот од првото полувреме, без оглед на тоа што резултатот беше 1:1, Лас Палмас изгледаше како тим кој може по втор пат (во есенскиот дел одиграа 2:2 со Кралевите) да му ги расипе сметките на Реал.

И тогаш на сцена настапи Бејл. И лукавиот Џонатан Виера, кој успеа да го испровоцира Велшанецот за после неколку секунди од добивањето на жолт картон поради старт од зад грб, да заработи и директен црвен картон поради туркање на противничкиот играч. Бејл му се залета на Виера како да сака да го убие, а судијата Хавиер Естрада немаше друга опција освен да го извади црвениот картон и да го испрати Бејл надвор од теренот.

Лас Палмас, луди какви што се, знаеја дека не смеат да му дозволат на противникот да се консолидира. Веднаш се фрлија на работа. А имаа и помош со подарен пенал од Рамос кој како да се стави во улога на голман во шеснаесетникот, после одличниот старт врз Боатенг, ситуација за која дури и мадридските медиуми признаа дека е чист единаестерец.

Виера направи пресврт на 2:1, а само три минути подоцна Кевин Принс Боатенг со погодок за 3:1 ги фрли Кралевите во нокдаун. Потоа, со пенал за Реал и погодок на спасителот Кристиано Роналдо, резултатот на крај заврши 3:3. Реал го спаси образот, но не и првото место за кое трката останува отворена.