Драма во Лондон: Озил нападнат со ножеви – со голи раце го бранеше Колашинац (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Играчот за врска на Арсенал, Месут Озил, вчера околу 17 часот во Северен Лондон бил нападнат со ножеви од непознати и маскирани ограбувачи, а прашање е каков ќе беше крајниот исход на овој инцидент ако со него не беше репрезентативецот на БиХ, Сеад Колашинац.

Некогашниот германски репрезентативец Месут Озил бил мета на двајца маскирани разбојници кои со мотори го дочекале во Северен Лондон и го нападнале вооружени со ножеви. Тие се обиделе да му го украдат неговиот црн Mercedes G Class.

Уште не се познати детали за овој инцидент, но според снимките од безбедносните камери, може да се види како на припомош му притрчува неговиот соиграч Колашинац.

Колашинац истрчал од автомобилот и со голи раце тргнал да се пресметува со вооружените напаѓачи. Од друга страна, Озил го оставил автомобилот на среде улица и почнал да бега во правец на блискиот турски ресторан, каде бил препознат од персоналот.

Келнерите и готвачите притрчале да му помогнат, а потоа, како што наведуваат британските медиуми, се стрчале по напаѓачите. Според извештајот од британската полиција, двајцата маскирани напаѓачи пробале да го ограбат фудбалерот, кој во автомобилот бил со уште едно лице. За среќа, и Озил и другото лице поминале неповредени.