Драма во Битола: Татко ја пријавил ќерка си, а потоа физички ја нападнал полицијата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Педесет и деветгодишниот Т.Т. од Битола ја пријавил неговата ќерка М.Т.(33) дека го вознемирувала, поради што во нивниот дом пристигнале полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, кои подоцна биле нападнати од страна на таткото, ќерката и неговиот син, пренесува „Макфакс“.

„Полициските службеници заедно со екипа на Итна медицинска помош се упатиле на местото на настанот и ја затекнале М.Т. во физичка пресметка со Т.Т. и нејзиниот брат Р.Т. Полициските службеници побарале од М.Т. да престане со насилното однесување и да биде прегледана од лекар на Итна медицинска помош, но таа ги нападнала полициските службеници, а при обид да ја внесат во возило на Итна медицинска помош, биле физички нападнати од Т.Т. и нејзиниот брат Р.Т., додека мајката С.Т. ги попречувала во преземањето службени дејствија. Во еден момент Т.Т. турнал еден полициски службеник по скалите. По преземени мерки, Т.Т., Р.Т. и С.Т. биле лишени од слобода, додека М.Т. е пренесена во Клиничка болница Битола“, велат од МВР.

По укажана лекарска помош на полициските службеници констатирани им се телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.