Драма со среќен крај: Македонија ја победи Унгарија и го живее сонот за ЕП!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобрите одбојкари на Македонија квалификацискиот цикслус за пласман на Европското првенство 2019 година го започнаа со победа.

Собирот на најдобрите европски селекции ќе се одржи наредната година, а домаќини ќе бидат Франција, Холандија, Словенија и Белгија.

Нашите одбојкари денес славеа победа со 3:2.

Првите два сета ги добивме со идентичен скор 25:23 и поведовме со 2:0, за потоа Унгарците да ни возвратат и да ги добијат следните два сета со истиот резултат.

Одлучувачкиот сет беше прилчично изедначен, но за наша среќа момците покажаа одлична игра кога беше најпотребно и славеа победа со 16:14.

Следниот натпревар го играме на 18 август на домашен терен против Украин. Треба да се истакне дека ова историска шанса за Македонија со оглед дека имаме прилика за прв пат да се пласираме на едно Европско првенство.