Драма, пари и секс: Богатите Англичани снимија реално шоу на хрватски Хвар


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Реалната „сапуница“ за животот на младите и богати Британци, „Made In Chelsea“, е доста популарна во Велика Британија, а новата летна сезона од оваа сериско шоу е снимена на хрватскиот остров Хвар.

„Made In Chelsea“ е високобуџетно реално шоу кое изобилува со секс, кавги, драми и разузданост, сето тоа подигнато на повисоко ниво, бидејќи станува збор за припадници на повисоката класа од англиското општество. Богатите Англичани два месеци аздисуваа и се забавуваа на  Хвар, лумпувајќи по ноќните клубови и на приватните јахти.

A post shared by Made in Chelsea (@e4chelsea) on

Британците сè повеќе сакаат да ја посетуваат Хрватска, а тоа очигледно продуцентите го препознаа како одлична можност за снимање на реално шоу.

Емитувањето на оваа сезона од шоуто почнува на 6 август.