Драма околу Роналдо поради која во Реал мораат да молчат!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кој сака да го купи Кристиано Роналдо? Сите и никој. Тоа е јавна тајна.

Во соблекувалната на Реал Мадирд, како и во канцеларијата на Флорентино Перез „се готви опасна драма“ за тајните кои се молчи на сите новоа. Директорoт на Реал би го продал Роналдо за 200 милиони евра на првиот клуб кој би понудил толку пари, а би го дал и за 180 милиони евра, доколку Португалецот би побарал да биде на трансфер листата.

Баерн, Челзи, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, ПСЖ – ова се сите клубови за кои медиумите во нивните земји пишуваат дека испратиле понуда или дека преговараат со Перез за Роналдо.

Меѓутоа, вистината е повеќе болна. Никој никогаш не испратил ниту една понуда за носителот на играта на Реал Мадрид. ПСЖ беше најсериозен, но никогаш не планираа да одвојат повеќе пари од 100 милиони евра.

Исто така, на аглите на „Сантијаго Бернабе“ се пишува дека Реал Мадрид едвај ја чека понуда за да го продаде Роналдо, и дека е започната операција, а „Don Balon“ пишува дека Роналдо најверојатно ќе си замине од Реал по СП во Русија.

Но за сега, случајот е затворен.