Драги Ѓорѓиев: Не прифаќаме вонреден состанок, за идентитетот на Делчев нема што да се преговара


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Не прифаќаме вонреден работна средба, редовниот работен состанок ќе се одржи на 12 и 13 септмври, за телевизија 24 изјави универзитетскиот професор и претседател на македонската историска комисија Драги Ѓорѓиев.

Тој посочи дека доколку се отвори идентитетското прашање за Гоце Делчев, односно ако се инсистира да се договори неговиот идентитет, тогаш најверојатно преговорите ќе пропаднат. Бугарската страна на комисијата која ја предводи професорот Ангел Димитеров, вчера побара вонреден состанок до крајот на август.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов порача дека до октомври, комисијата мора да најде решение за Гоце Делчев. Тој не одговорои конкретно дали ако нема решение Бугарија ќе ја блокира Македонија на Европскиот совет, само потенцираше дека не би сакал да помисли да крене рака против земјава.