
Разводот на Драгана Мирковиќ и Тонија Бјелиќ се случи пред една година
Веста за разводот на Драгана Мирковиќ и Тонија Бјелиќ излезе во јавноста точно пред една година. Тогаш, Драгана ја сподели одлуката што ја донеле заедно, откривајќи дека веќе подолго време таа и Тони не живееле под ист покрив.
Од тогаш помина година дена и изгледа дека поранешните сопружници бараат начин да го живеат новиот живот на најдобар можен начин.
Додека Тони живее на релација Виена – Хрватска, Драгана, кога не е ангажирана со настапи, времето го поминува со своите деца. Овој пат отпатува во Трст на венчавка, во друштво на синот и неговата избраничка.
Откако Марко и Мелани се вратија во Касидол, Драгана на Инстаграм објавува фотографии од Трст, со што, една година по разводот, потврдува дека е слободна.
“Слободна сум како ветер”, е песната што ја избра Драгана за своите објави, а стиховите испраќаат силна порака:
“Но јас знам дека ќе ја добијам битката и дека ти си тој што губи, си забранив солзи да бројам и сите сомнежи од срцето ги тргнав.”