Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синоќа актерката Билјана Беличанец беше пронајдена мртва откако се самоуби во својот дом, а денес нејзините колеги со неверување и тага се простуваат од неа.
„Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан. Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче. Замина во Недојдија…“, напиша Драган Спасов-Дац на својот Фејсбук профил.
Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 година до 2017 година. Последните улоги ги имаше во претставите „Господа Глембаеви”и „Последните Македонци” во матичниот Драмски театар, а ќе остане препознатлива и по Туфи во серијалот за деца „Здраво генијалци“ од 90-тите.
Беличанец е родена на 25 јули во 1973 година во Скопје. Во 1994 година дипломираше како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Истата година се вработи во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп каде претежно играше главни улоги за кои доби многу награди и признанија. Во 1997 година се вработи во Драмски театар – Скопје.