Драган Спасов си поднесе оставка од директор на МНТ, Министерот ја прифати


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директорот на Македонскиот народен театар, Драган Спасов- Дац поднел оставка откако медиумски јавно беше откриено дека синоќа, во алкохолизирана состојба, со својот автомобил во сообраќајка повреди 27-годишна девојка. Министерот Алаѓозовски ја прифати истата.

Лице кое сторило тежок прекршок и довело во опaсност друга личност, не може да раководи со институција и да извршува јавна функција. Ова е ставот на извршната власт по сообраќајката, која вчера ја предизвика директорот на МНТ.

Министерството за култура ја прими и ја прифати оставката на в.д директорот на Н.У. Македонски народен театар, Драган Спасов – Дац, напиша на Твитер пред половина час министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Според МВР, синоќа во 19:20 часот на улица „Антон Попов“ во Скопје, Спасов со патничко возило БМВ удрил во пешакот Е.Ц.(27). Девојката е пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде ѝ се констатирани телесни повреди, по што е пуштена дома.