Home Актуелно ДПМНЕ во Аеродром и Карпош, СДСМ во Гостивар и Тетово – продолжува изборната кампања

ДПМНЕ во Аеродром и Карпош, СДСМ во Гостивар и Тетово – продолжува изборната кампања

Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентрани избори на 11 декември, денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинизи и средби со граѓани во повеќе населени места низ Македонија.

Коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во скопските општини Аеродром и Карпош.

Предизборниот караван на СДСМ ќе биде во Гостивар и во Тетово. ДПА ќе одржи митинг во Вруток, Коалицијата за промени и правда ќе има средби со граѓани во Прилеп, а Алијансата за Албанците ќе одржи собир во Ченто.

Изборната кампања почна на 21 ноември и ќе трае 20 дена, до 9 декември на полноќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…