Дознајте зошто овој Rolex Cosmograph Daytona достигна цена од 18 милиони долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Не дека примероците од најпознатиот бренд на часовници вообичаено се евтини, па овој е исклучок, но во случајот со овој часовник приказната на истиот му ја дава „тежината“ поради која достигна толку вртоглава цена на аукциско наддавање.

Рачен часовник од марката „Ролекс“, што му припаѓал на холивудскиот актер Пол Њумен, беше продаден на аукција во Њујорк за речиси 18 милиони долари.

Моделот „Ролекс Космограф Дејтона“, изработен од некородирачки челик, беше во продажба од 1963 до 1970 година, и стана познат како „часовникот на Пол Њумен”.

Оскаровецот од филмот „Бојата на парите“ (1986 година) го добилласовникот како подарок од својата сопруга Џоан Вудворд во 1968 година и се тврди дека го носел секој ден цели 15 години.

Се очекуваше часовникот да биде продаден за 1,5 милион долари, но интересот беше многу поголем од очекуваниот. Во салата за наддавање имаше над 700 луѓе, а преку телефон се вклучија заинтересирани купувачи од 43 земји. На крај, „Ролексот“ е продаден на анонимен купувач за 17,8 милиони долари.

Ова е втора рекордна цена на рачен часовник постигната на некоја аукција. Поскапо е продаден само часовникот „Филип Патек”, кој во 2014 година на една аукција достигна цена од 24 милиони долари.

Пол Њумен почина во 2008 година на 83-годишна возраст.