Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веќе ги најавивме новите датуми 23-24 септември и новата локација – Градски парк, терени Работнички, па време е да дознаете што се’ ќе се случува на третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo!
Оваа година, покрај одличната промена на локацијата – на отворено, третото издание на овој исклучителен настан ќе понуди и одлична, најбогата програма до сега, со мнгоу, многу активности (дури над 70!). Она што е ново е што активностите ќе бидат распоредени на четири сцени на кои паралелно ќе се одвиваат активности – Health Center, Fitness Stage, Wellness Zone и Kids Corner, како и еден анимациски дел со натпреварот OBSTACLE COURSE.
Ако не сте сигурни кога да дојдете, може да издвоиме – задолжително бидете таму за вистинското СПИНИНГ ШОУ во сабота, на 23ти септември, во 12 часот, на Fitness Stage, кое ќе го спроведе единствениот лиценциран центар за Spinning ®, генералниот спонзор на настанот – Sport Inn! Не пропштајте да видите колку минути спининг се потребни за 50 ml цеден сок! J
Уште нешто што особено ќе ја одбележи оваа сцена, е големиот тренинг, во чест на прерано починатата пилатес инструкторка и поранешна балерина – Ирина Митевска. Со својата кариера, Ирина ги постави темелите на пилатесот во Македонија и стана синоним за оваа дисциплина. Нејзиното пилатес студио PowerHouse Pilates ја продолжува нејзината мисија во градење на здрави навики и активен живот, па ве покануваме сите – вежбачи, но и инструктори во сабота, на 23ти септември, во 18:15 часот заедно да и оддадеме почит и да извежбаме еден енергичен пилатес час со тимот на PowerHouse Pilates.
Health, Fitness & Wellness Expo е настан за целото семејство, па така, Kids Corner-от ќе изобилува со многу интересни и разновидни активности, а најдобрите едукативни и спортски центри за деца, ќе одржат едукативни, креативни и спортски активности и натпревари за најмладите. Па секако донесете ги и своите најмили кои ќе се забавуваат во детското катче!
И оваа година, многу награди! Традиционално ќе се одвива натпреварот Scavenger Hunt, а новитет ќе биде натпреварот со пречки – Obstacle Course – кој ќе бара од натпреварувачите поголема физичка активност и ќе им постави разни предизвици. Двата натпревари ќе понудат над 60 вредни награди за учесниците, па не испуштајте да се забавувате и да си освоите нешто!
Сите овогодинешни изложувачи (над 40) од областа на здравјето, фитнесот и велнесот, кои на посетителите ќе им понудат разни промоции, дегустации, наградни игри и многу други изненадувања можете да ги погледнете тука.
Влезот за настанот ќе чини 50 денари, а за деца до 12 годишна возраст влезот е бесплатен. Бесплатен ќе биде влезот и за сите оние кои ќе дојдат на настанот со велосипед!
За сите дополнителни информации и детали за активностите, изложувачите и учесниците на #HFWExpo3 следете ја Facebook фан страната и официјалниот настан!