Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Учениците во едно бразилско училиште открија дека нивниот порофесор минува низ тежок период од животот, па му приредија изненадување кое веројатно никогаш нема да го заборави.
Бруно Рафаел Паива два месеци немал земено плата, поради што бил принуден да живее и спие во училиштето во кое предадва. Како што објаснува на снимката која на Фејсбук стана вирален хит, Паива бил замена за колешката која била на породилно боледување, но поради бавната бирократија ни после два месеци од неговиот ангажман немал земено плата.
Кога го дознаа тоа неговите ученици, собраа 400 долари и го изненадија со „плата“ која два месеци ја немал земено, а тој не можеше да поверува на нивниот гест и подарок кој го прими со солзи во очите.
„Ова не е можно. Како можевте да го направите тоа?“, проговори тој кога ја отвори малата кутија во која учениците ги ставија парите кои ги собраа за него, по што сите заедно завршија во групна прегратка.
„Имав многу класови на кои обожавав да им предава, но ниту еден не покажа таква љубов, помош и грижа за мојата работа како овој“, напиша Паива на Фејсбук покрај емотивната снимка која ја сподели.