Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Минхенскиот покраински суд осуди медицински техничар на доживотен затвор за убиство на двајца пациенти и обид за убиство на уште шестмина.
„Вашата задача беше да помогнете во лекувањето, а вие го направивте токму спротивното“, рече претседателот на судскиот совет Норберт Ридман, објаснувајќи му ја пресудата на 27-годишниот медицински техничар.
Судот го обвинува здравствениот работник дека во 2020 година им дал лекови за смирување на пациентите, што довело до смрт во два случаи, кај пациенти на возраст од 80 и 89 години. Во шест други случаи, пациентите преживеале. Како мотив за убиствата медицинскиот техничар изјавил дека „сакал да има мир“ за да спие и да игра игри на мобилниот телефон.
Во текот на судењето, осудениот рече дека „ќе продолжел со истата пракса“ доколку не бил откриен. Во пресудата, судскиот совет ја наведе посебната тежина на вината, која го исклучува предвременото ослободување за време на издржување на доживотна затворска казна, која во Германија е 15 години.
Судот го одбил барањето на адвокатот по издржувањето на казната врз обвинетиот да се спроведат посебни заштитни мерки за да се спречат натамошни кривични дела, но му изрече доживотна забрана за работа во медицински установи.