Доза терапија со разголување после разводот: Деван гола за „Woman’s Health“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славната актерка и танчерка, Џена Деван, позираше во разголено издание за насловната на „Woman’s Health“, а со фотката се пофали на својот Инстаграм профил.

A post shared by Jenna Dewan (@jennadewan) on

„Целиот живот сум танчерка и навикната сум да носам малку облека“, вели Деван во интервјуто за магазинот. Освен на насловната фотографија, Џена е гола и на фотографиите што се внатре во магазинот, од кои една, исто така, ја објави на Инстаграм.

A post shared by Jenna Dewan (@jennadewan) on

Во интервјуто се споменува и разводот со актерот Чејнинг Татум, после 9 години брак, кој ја шокираше јавноста пред околу 4 месеци. Откри дека останале во добри односи и дека сега повторно осознава нови работи за себе.

„Се чувствувам како да сум на бран кој нуди промени и созревање. Сè е поразлично и ново, но ова е мојот нов живот и сигурна сум дека ќе се навикнам“, раскажа Џена и додаде дека ѝ било потребно време додека да се опорави од разводот и да ја открие силата што се крие во секоја жена.